Катарскиот шеик, Тамим бен Хамад Ал-Тхини денеска за време на средбата со турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердпган вети дека Катар ќе вложи во Турција 15 милијарди долари, за да ѝпомогне да излезе од кризата, јавија западните медиуми.
Средствата ќе бидат вложени преки програма што наскоро ќе биде изготвена, образложи шеикот на средбата.
Аналитичарите сметаат дека овој потег ќе ѝ помогне на Турција да се справи со кризата преку вложување во финансискиот сектор, а голем број инвеститори долгорочно, сепак, бараат конвенционални мерки, како зголемување на каматните стапки, оцени „Гардијан“.
Ваквиот чекор значи помош за турската економија, ослабена по наглиот пад на вредноста на турската лира, дипломатската криза со САД и воведувањето на санкциите.