Mногу европски банки се соочуваат со финансиски притисок поради загриженоста за нивната изложеност на турската економска криза.
Шпанската Банко Билбао Аргентариа, француската Парибас, и британската Хонгконг и Шангај Банкинг корпорејшн ХСБЦ се меѓу банките кои имаат пад на акциите, во време кога се интензивира дипломатскиот спор меѓу САД и Турција.
Некои од банките имаат удели во турските финансиски институции.
Дури дел од нив ќе мора да ги отпишат кредитите што ги дале за бизнис зделки во Турција.
Американската администрација претходно двојно ги зголеми тарифите за турски производи од челик на 50 насто и на алуминиум на 20 насто, поради одбивањето на Турција да го ослободи американскиот пастор Ендру Брансон, кој е обвинет за шпионажа и тероризам во Турција.
Американските санкции врз Турција ја урнаа вредноста на турската лира.