Германија подготвува Закон за доселување со кој ќе привлече работна сила од трети земји.
Целта е да се поедностават процедурите не само за оние со факултет, туку и за оние кои имаат само средно училиште.
Ако покаже вештини и знаење, секој работник кој ќе дојде во Германија и ќе најде работа, ќе може полесно да се досели.
Доселувањето оди преку луѓе, така што многу компании даваат и награди за оние работници кои ќе донесат работник.
Најважно на крај ќе биде познавањето на германски јазик, а годините не се важни ако се работи за дефицитарни професии.