Денес е првиот уписен рок на Универзитетот Гоце Делчев. Денес е денот кога кога идните студенти донесуваат одлука со која ја креираат својата иднина и влегуваат во една од најзначајните етапи од своите животи. Затоа, на овој почеток за идните студенти, бараме одговор од актуелните власти за дадените предизборни ветувања за младите, изјави денеска студентката Марија Маролова.
Затоа таа ја праша власта: „Kога ќе почне да се спроведува мерката „Младинска гаранција”?
-Мерка со која ветувавте дека во првите 6 месеци од превземањето на власта интервентно на секој млад човек ќе му биде понудено загарантирано вработување по завршувањето на своето образование со субвенционирана минимална плата од 20.000 денари или пак можност младиот човек да избере продолжување на своето образование и едукација, притоа за истото трошоците во целост да ги покрие државата, изјави Маролова.
Таа вели дека за жал и ова е само едно од многуте предизборни лажни ветувања на СДСМ.
-Веќе втора година откако СДСМ е на власт, меѓутоа овие мерки се уште не се превземаат. Ниту се предвидува 20.000 денари плата, ниту се нуди можност младиот човек да избере продолжување на своето образование и едукација, притоа за истото трошоците во целост да ги покрие државата! СДСМ ги излажа и потцени младите, СДСМ си подигра со многу семејства во Македонија. Затоа оваа влада на наредните избори ќе биде казнета токму од младите, изјави Маролова.