Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев во изјава за КТВ информира за реализираните проекти во основните и средните училишта со што се создадени услови за успешен старт на новата учебна година.
На почеток сме на учебната 2018/2019 година. Во годината што измина во училиштата во Кавадарци беа реализирани низа проекти кои се од големо значење за образованието.
Завршени проекти во 2018 година во ООУ “Тоде Хаџи –Тефов“
– Се изврши асфалтирање на игралиштето-спортските терени кое беше раскопано од движење на камионите при изградбата на спортската сала.
– Се заменија 24 стари врати со нови ПВЦ врати по училниците.
– Се постави метална ограда на потпорниот зид заради безбедност на учениците и поставување на решетки на прозорците на спортската сала.
– Во тек е реконструкција- изработка на фасадата од западната страна на училиштето во Кавадарци која треба да се заврши до крајот на 2018 год.
– Во тек е постапка (предмер пресметка) за изградба на лабараторија по биологија, хемија и физика која треба да се заврши до крајот на 2018 год.
– Се набави голема ТВ плазма која ке има функција на семафор заедно со лап топ, рутер и програма за работа.
Во ООУ “Гоце Делчев“ Кавадарци во процес е реализацијата на проектот за поставување на рампа за лица со инвалидност. Исто така во тек е и реконструкција на wc јазлите во училиштето.
Во текот на второто полугодие од учебната 2018/2019 година во ООУ“Страшо Пинџур“ планирана е доградба на училници.
Во ООУ“Димката Ангелов – Габерот“ целосно е променето осветлувањето со штедливи светилки и поставени се 7 рефлектори во дворот на училиштето. Во училниците се поставени 15 нови табли и 15 нови масивни закачалки. Целосно се реконструирани наставничката канцеларија и библиотеката и извршена е корекција на масите и столиците за децата од прво одделение. Во с.Сопот доградена е една училница.За наредната година е предвидено целосно менување на кровот на училиштето и реновирање на тоалетите. Во подрачното училиште, со помош на бизнис секторот ќе се постави ограда.
Во ООУ“Димката Ангелов – Габерот“ с.Ваташа е извршено целосно молерисување на долниот кат на училиштето како и бојадисување .Се изврши и отстранување на 13 стари врати ,санација на делот околу нив и се поставија нови. Извршена е и пренамена на работилницата на хаусмајсторот во училница која е комплетно опремена.
Една просторија е целосно реконструирана и е адаптирана во нова модерна библиотека, а во секоја училница беа заменети наставничките столчиња со нови(вкупно20), се доуреди и просторијата на техничиот персонал(во која беше извршено молерисување и поставување на нов ламинатен под).
Поставена е и заштитна мрежа на спортското игралиште,како и негово обележување ,исто така предниот дел на училишниот двор е комплетно хортикултурно уреден.
Во ООУ“Тошо Велков Пепето“ осветлени се критичните места во училишниот двор и непосредната околина со рефлектори, комплетно се реновирани санитарните јазли за учениците во продолжен престој, комплетно е уреден училишниот двор, комплетно е реновирана училишната библиотека и е пренаменета во медиотека и комплетно е реновирана наставничка канцеларија.
Во сите основни училишта е извршена дезинфекција ,дератизација и дезинсекција, со што се создадени оптимални услови за почеток на новата учебна година.
Изминатата учебна 2017/2018 година во СОУ Гимназија Добри Даскалов беа пуштени во употреба новите 8 училници и се започна со едносменско работење.
За следната учебна 2018/2019 година планирано е реновирање на санитарни јазли, изградба на балон спортска сала и реновирање и осовременување на училишната библиотека.
За подобрување на просторните услови во СОУ “Киро Спанџов Брко“ кои би овозможиле едносменско работење , во месец јули започната е реконструкција на пет простории од кои три училници и два кабинети со површина од 270 m2. Реконструкцијата се однесува на промена на дрвен патос со бетонска плоча и поставување на ПВЦ под, подготвителни работи со малтер и гипскартон, премачкување на ѕидовите со абрихт и промена на 15 прозори и врати со ПВЦ столарија. Реконструкцијата е во тек и би требало да се завши на почетокот на септември.
Во СОЗШУ “Ѓорче Петров“ на самиот влез направена е градежна хортикултурна интервенција со уредување на просторот од левата и десната страна со соодветно озеленување.
Извршена е промена со вградување на камена подлога на дел од зидот на дворот каде се поставени нови клупи за седење кои се изработени и монтирани од ученици и професори од самото училиште.
Споменикот на патронот на училиштето, кој стои непосредно пред влезот на училиштето доби достоинствен изглед со вградувањето на украсни плочки на неговиот постамент, кој воедно е и убава жардинерија.
Во најава е целосна реконструкција на санитарниот јазол во училиштето и поставување на термо излолациона еколошка фасада како и нов покрив на училишната зграда за трајна заштита на објектот.
И во сите средни училишта е извршена дезинфекција ,дератизација и дезинсекција, со што се создадени оптимални услови за почеток на новата учебна година.
Сите овие реализирани проекти и предвидените за учебната 2018/2019 година создаваат подобри услови во образованието. Денес е првиот училишен ден од оваа учебна година. На првачињата им посакувам успешно влегување во образовниот процес и стекнување со желба за учење на нови работи и многу знаење. На сите ученици им посакувам уште поголем успех од претходните години и Општина Кавадарци да биде горда на талентирани ученици кои се најголемото наше богатсво и од кои зависи нашата иднина.
Среќна учебна година драга наши ученици.