Иранскиот врховен лидер, ајатолах Али Хамнеи денеска на својата официјална веб страница повика за јакнење на оружените сили на земјата со цел да се „заплаши“ непријателот, во момент кога се зголемени тензиите со САД.
Американскиот претседател Доналд Трамп во мај оваа година ги повлече САД од договорот на големите сили со Техеран, со кој е предвидено ограничување на иранската нуклеарна програма во замена за укинување на некои санкции. Тогаш тој нареди повторно воведување санкции против Иран.
– Зајакнете ја својата сила колку повеќе можетем бидејќи вашата сила ќе го заплаши непријателот и ќе го принуди да се повлече, истакна Хамнеи на церемонија на прогласување млади офицери на регуларната иранска армија