Актуелно 17.09.2018 10:59

Владата утре ќе ги задолжи граѓаните за нови огромни 57 милиони евра

Владата утре ќе ги задолжи граѓаните за нови огромни 57 милиони евра

На официјалната страна на Министерството за финансии објавени се проспекти за аукција на државни хартии од вредност за утре во износ од 3,5 милијарди денари односно околу 57 милиони евра .

Имено, објавени се проспекти на 15 годишни државни обврзници со девизна клаузула од 300.000.000 денари, 15 годишни обврзници со девизна клаузула во износ од 400.000.000 денари, 3 годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 1.000.000.000 денари, и 12 месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 1.800.000.000 денари или вкупно 57 милиони евра.

Владата не престанува со задолжувањата додека капитални проекти нема. Експертите велат дека задолжувањето на наредните генерации без вложување на парите во проекти од стратешка и долгорочна важност е алармантно поради фактот дека овие пари ќе треба да се враќаат а државата ќе остане без проекти кои би генерирале добивка и корист како на краток така и на долг рок.

И покрај енормните задолжувања, реализацијата на државните инвестиции во Република Македонија целосно потфрли, согласно објавените податоци на Министерството за финансии. Продолжува рекордно ниското ниво на капитални инвестиции и покрај владините најави дека реализацијата ќе се забрза.

Податоците на Министерството за финансии покажуваат дека во перидот од јануари до јули  годинава се реализирани само 21,33 отсто од планираните капитални инвестиции за целата година. Ова е убедливо најмалку во последната деценија. За годинава беа планирани 392 милиони евра за капитални инвестиции.

Исто така во јавноста излегоа информации дека јавниот долг пораснал што според експертите е алармантно. Вкупниот јавен долг на Македонија на крајот на вториот квартал од 2018 година изнесува 38,8 проценти од БДП, што претставува зголемување 0.6 п.п. во однос на претходниот квартал покажуваат најновите податоци на Народна банка. Економистите велат дека состојбите во економијата се критични и дека економскиот тим на Владата  потфрлил во својата работа во сите круцијални сегменти.