Немањето работници ја загрозува Хрватска и економскиот раст.
Ова е закана за опстанокот на компаниите. Постои песимизам дека нема да се зголемат платите, ниту пак ќе се најдат работници.
Работа во земјата има повеќе од било кога, но нема кој да работи.
Многу фирми можно е да отидат во банкрот, а со тоа и помалку пари ќе се слеат во државната каса.
Тоа го комплицира и отварањето на пазарот кон Словенија и Австрија.
Излез работодавците гледаат во даночни олеснувања за топол оброк и 13 плата, но и можност да си увезат работна сила.