Доколку штотуку започнувате со бизнис или веќе се занимавате со претприемништво и барате нови партнери и проекти важно е да бидете добро организирани и подготвени за предизвици.
Знаете ли да препознаете прилика кога за неа ќе дојде време? Алатката која притоа е добро да ја имате при рака се трите листи со кои секогаш ќе го добиете она што во одреден момент ви треба.
1. Листа со задачи
Листа која никој не сака да ја гледа, а истовремено листа која ќе ви помогне да ги обавите своите дневни активности и да не ги заборавите бројните обврски.
Важно е да планирате однапред и да не претерате со листата со обврски и задачи. Нека првите три работи бидат приоритет и нив решете ги веднаш на почетокот на работниот ден, а останатите задачи обидете се да ги дозирате без претерано оптеретување.
2. Листа со потенцијални соработници
Само затоа што нешто можете да направите, не значи дека морате тоа да го направите. Ангажирањето на соработници ќе ви помогне подобро да се организирате и да им посветите внимание на работите кои се важни и имаат поголемо влијание на работењето.
Откако ќе ја направите листата со задачи за одреден проект, размислите кои чекори би можеле да му ги препуштите на некој друг, а кои би сакале да ги изработите сами. На тој начин ќе ја зголемите продуктивноста, но и квалитетот на обавената работа.
3. Листа со се што сакате да постигнете
Познатата ТВ водителка Опра Винфри еднаш изјави дека луѓето стануваат она во што веруваат. Па, во согласност со оваа животна филозофија, можеби е време да ја преиспитате својата иднина и насоката во кариерата.
Еден угледен професор од Универзитетот во Калифорнија во едно свое истражување откри дека шансата за остварување на некоја цел се зголемува за 33 проценти, доколку ја напишете таа цел.