Нема причина за дебата за девалвација на денарот, во економијата нема нерамнотежи кои би ја пристискале домашната валута, реагираа денеска од нардоната банка. Реакцијата е само ден откако Штефен Петер, претседателот на Советот на странски инвеститори во земјава на дебата за евроатланските перспективи тврдеше дека ако земјава не влезе во Европската Унија, ќе се разниша стабилноста на денарот, но ина банкарскиот систем, дека ќе нема странски иневстиции, и договори за трговија. Oд Централнaта банка денеска тврдат дека постојниот режим на девизниот куср е оптимален.
„Стабилноста на домашната валута е клучното сидро за одржување и на ценовната и на финансиската стабилност. Не постојат причини, ниту пак каква било потреба да се отвораат дебати за евентуална девалвација на денарот. Во економијата не постојат нерамнотежи коишто би можеле да создаваат притисок врз домашната валута, ниту пак има индиции за отстапувања на курсот од неговото оптимално ниво. Од голема важност е тоа што оваа година екстерната позиција на економијата е исклучително поволна и силна, а Народната банка интервенира со висок нето-откуп на девизи, што дополнително ги зајакнува девизните резерви кои на континуирана основа се одржуваат на високо ниво и создава простор да се реагира на евентуални притисоци и да се одржува силен капацитет за одржување на стабилноста на домашната валута, стои во соопштението од Народната банка.
Оттаму велат и дека според нив, тековниот контекст во државата воопшто не треба да се поврзува со стабилноста на домашната валута, ниту на домашниот банкарски систем. И едниот и другиот сегмент биле исклучително здрави и отпорни, и не постојат рационални причини за разнишување на довербата и на тековно позитивните очекувања.
Изјавата на Петер беше една од најострите во однос на тоа кои се последиците за макеоднската економија ако нема да биде членка на ЕУ и НАТО. Сепак домашниот денар и македонскиот банкарски сектор останаа стабилни и во најголемите предизвици за време на светската финансиска криза.