Актуелно 26.09.2018 18:02

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ЗА ДЕНОТ НА РЕФЕРЕНДУМОТ: Од амбасдата на САД очекуваат безбедносен ризик на денот на референдумот!

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ЗА ДЕНОТ НА РЕФЕРЕНДУМОТ: Од амбасдата на САД очекуваат безбедносен ризик на денот на референдумот!

Денеска американската амбасада во Скопје на својата официјална страна испрати предупредување до своите државјани во кое се вели дека на 27 септември во 19:00 часот да не се движат пред Собранието на Република Македонија, додека на 30-ти септември ги предупредуваат своите граѓаните во 19:00 часот да не се движат ниту пред Собранието ниту на плоштадот во Скопје.

-Различни групи имаат намера да демонстрираат против претстојниот национален референдум за Преспанскиот договор за името меѓу Македонија и Грција, кој ќе се одржи в недела, на 30 септември. Спонтани, ненајавени демонстрации може да се случат и во Скопје и во други делови на земјата во текот на овој период. Персоналот на американската влада совтува да избегнува секакви области каде што може да се појават демонстрации, се вели во соопштението на амбасадата на САД.