Тој парадокс на отворената светска сцена им го приушти претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов. Во грото циркуско-политички атракции, туркање на раце помеѓу најсилните, кулоарско-естрадни представи кои го одбележаа заседавањето на Генералното собрание на ОН, првиот човек на Македонија „отскокнуваше“. Не се вклопи во спектакуларниот галиматијас- пренесува Спутник.
Три дена пред референдумот во земјата кој пресвртнички ќе ја одреди иднината на неговата држава, Иванов одважно, разложно, прецизно испрати порака која е во директна спротивност со најснажните западни центри на моќ.
Без страв и затегање, пред делегатите на ОН на Ист ривер, им „врза заушка“ на американските и европските претставници кои во последните неколку недели ја посетија Македонија.
А тие, според неговото толкување, донесоа во Скопје уцена. Од својата акт ташна извадија порака дека само промена на името на државата ќе и овозможи на неговата земја единствена надеж дека некогаш ќе се приклучи во НАТО и ЕУ.
„Ако нам ни ја одземете надежта, што ќе ни остане“, праша Иванов на њујоршката Ист Ривер.
А во Скопје во тек на референдумската кампања доаѓаа и Ангела Меркел, Себастијан Курц, Јоханес Хан, Фредерика Могерини, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, преку видео-пораки на граѓаните им се обрати Емануел Макрон, а од Америка „пукаше“ и министерот за одбрана Џејмс Матис.
Таквата дипломатска офанзива на овие простори е забележана можеби само во жижата на крвавиот распад на бившата Југославија. Денес, како Македонија да е земја во која се одлучува иднината на планетата.
Сите тие „добронамерни“ гости на Скопје во вистински блицкриг бараа само едно: референдумот да успее, народот да ја прифати промената на името Македонија поради зачленување во ЕУ и НАТО. Откако моќните светски штихови дефилираа низ Скопје, Иванов извади џокер од ракавот на сред Њујорк, каде можеби никој не го очекуваше.
Тој џокер се нарекува – државничка храброст. Со такви потези, каков и да биде исходот на рефереднумот во недела, Ѓорѓе Иванов се вгради во историјата на земјата.
Тоа се оние ретки моменти кои се укажуваат пред претставници на држави кога мораат да одговорат на прашањето: „Или си, или не си“. Иванов покажа дека – е!
Така можеби ја жртвуваше својата политичка иднина бидејќи во виорот на претстојни случувања ќе биде „исчистн од сцената“.
Но тоа не е ништо. Вакви горди државнички гестови, со кои и пред најсилните доследно се брани правото на став, се обезбедува – вечност!