Актуелно 02.10.2018 10:36

Расипништвото нема крај – Министерство за одбрана планира да потроши 1.129.661 денари за канцелариски мебел

Расипништвото нема крај – Министерство за одбрана планира да потроши  1.129.661 денари  за канцелариски мебел

 

На официјалната страна на Јавни набавки објавен е оглас од страна на Министерството за одбрана . Имено, во огласот Министерството за добрана планира да потроши 1,129.661 денари за канцелариски мебел.

Така во огласот во делот на   Назив на договорниот орган стои Министерство за одбрана – сектор за логистика  додека во делот предмет на договорот за јавна набавка стои канцелариски мебел и кујнска опрема . Подолу во огласот е сумата која е предвидена да се потроши односно проценета вредност без ДДВ во износ  од   1.129.661,01  денари.

Расипништвото на институциите не престанува. Ова не е прв пат да Министерството за одбрана троши огромни суми на пари за луксузирање додека за основните потреби за функционирање и подобрување на работењето на оваа институција нема пари.