Актуелно 04.10.2018 11:50

СДСМ и Заев сакаат да го помножат со нула ставот на скоро 1,2 милиони граѓани кои се против договорот со Грција

СДСМ и Заев сакаат да го помножат со нула ставот на скоро 1,2 милиони граѓани кои се против договорот со Грција

Покрај тоа што го прекрши ветувањето дека ќе си замине од функцијата премиер на Република Македонија доколку референдумот не успее, Зоран Заев и партијата на која е лидер сакаат да го помножат со нула противењето на околу 1,2 милиони граѓани против договорот. За претседателот на Владата и СДСМ не се важни оние кои својот став против договорот со Грција го искажаа преку бојкотирање на референдумот.

Имено, во избирачкиот список се запишани 1.806.336 гласачи, од кои на референдумот излегоа 666.344, а за гласаа 609.427 гласачи. Како што кажа премиерот Зоран Заев, треба да се почитува волјата на оние кои гласале „ЗА“ на референдумот, што значи дека точно 1.196.939 гласачи, кои преку неизлегување на референдумот или гласање против го искажаа својот став, не се важни.

-Народот направи многу важен избор. Сега кога имаме мнозинска изразена волја за европска Македонија, време е пратениците да го следат гласот на мнозинството за да обезбедиме подобра иднина, рече Заев и им се заблагодари на граѓаните кои излегоа да гласаат „за“ и „против“, сметајќи помножувајќи го со нула најголемиот дел од народот кој го бојкотираше овој неуспешен референдум.

Инаку премиерот на Република Македонија, Зоран Заев најави оставка доколку референдумот не успее.

-Како премиер имам мандат до декември 2020-та година. Ако падне референдумот и не успее, веројатно завршуваме ние со политиките овде, рече Заев на 31 август оваа година.