На официјалната страна на Јавни набавки е објавен оглас од страна на ЈП парови и зеленило Скопје. Во огласот ЈП паркови и зеленило планираат да потрошат 6.000.000 денари за привремени вработувања односно 97.481 евра.

Така во делот на огласот Назив на договорниот орган стои ЈП Паркови и зеленило – Скопје додека во делот предмет на договорот за јавна набавка стои услуга на Aгенција за привремено вработување.
Ова не е прв пат да се вработуваат луѓе во институциите во кои и онака има преголема вработеност. Влада додека беше во опозиција велеше дека ќе се намали бројот на вработени во администрација но тоа не е случај. Во последните година ипол голем број од институциите имаа објавено огласи за вработувања.