Актуелно 04.10.2018 17:11

Сомнителни аршини на Јавниот обвинител: Нема кривичен прогон за советникот на Оливер Спасовски

Сомнителни аршини на Јавниот обвинител: Нема кривичен прогон за советникот на Оливер Спасовски

Јавното обвинителство се предомисли нема обвинение за Драган Симоновски, за државен советник во кабинетот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој беше уапсен во март годинава под сомнеж дека издал државна тајна.

Од обвинителството ја потврдија информацијата на Алфа дека Симоновски е ослободен од кривичен прогон, но зошто нема прецизен одговор.

Што се случило во меѓувреме и зошто Обвинителството и полицијата кои пред неколку месеци беа убедени во вината на тогаш државниот советник сега се повлекуваат од негов кривичен прогон.

Да потсетиме дека Драган Симоновски беше осомничен за одавање на службена тајна односно на осомничена во одреден случај што го водела полицијата, и кажал дека нејзините активности и телефон се следат и е под посебни истражни мерки.

Тогаш по искажувањето на државната тајна Обвинителството од судот побара мерки на претпазливост за Симоновски, му беше одредена мерка за забрана на напуштање на местото за живеење.