Битолските ученици останаа без превоз, а особено се погодени учениците кои живеат во поодалечените села, што претставува сериозен удар по семејниот буџет, вели Иванчо Тошевски советник во Општина Битола од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Битола, сметаат дека јавните набавки за овој превоз не биле навременo пуштени, а начинот на кој се креирани нема да доведе до решение на овој проблем.
За ваквата состојбата со јавниот превоз во Битола како одговорна ја посочуваат градоначалничката на СДСМ во Битола Наташа Петровска.
Тошевски објаснува дека, секој родител треба да издвои од семејниот буџет од 2000 до 7000 денари поради неспособноста на градоначалничката Наташа Петровска. Се поставува прашањето што доколку во семејството има два или повеќе ученици.
– Како што стојат работите до крајот на првото полугодие нема да имаме превоз за учениците, а заканите за бојкот на наставата ќе станат реалност, изјави Тошевски.