Во вечерашното гостување во емисијата „Отворено“ на Алфа, Димитар Димовски кој е член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека целата ситуација со казната и самиот процес против поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска , СДСМ го прави за да го прикрие велепредавството кое се случува во Република Македонија.
Тој истакна дека судството во државата е во многу силна спрега со власта и таа спрега функционира онака како што сака власта. Но,од друга страна пак истото тоа судство ослободило еден политичар кој е во највисок ранг во моментот во државата иако за тоа лице има снимки каде тој бара потпуп од 200.000 евра.
-Во моментот каде пратеници на ВМРО-ДПМНЕ треба да донесат одлука како ќе постапат во Собранието се случуваат чудни пресуди, и најверојатно тоа треба да биде сигнал до нив дека доколку сте под некоја истрага или слично дека може да ги најде истата судбина, додаде Димовски.
Според него специјалното јавно обвинителство било формирано за да го истражи крупниот криминал во Република Македонија и доколку има да спроведе постапки согласно законите и да се дојде до судска разрешница на тие постапки. До денеска сите тие постапки кошто тоа Јавно Обвинителство ги имало поведено, ниту една немало за сериозен корупциски криминал.
Тој се надева дека еден ден ќе има ревизја на судството и ќе се ревидираат постапките коишто ги водело тоа судство.
Димовски додаде дека власта сака да избега од избори, од причина што увидоа што им се случило на 30 септември и дека со тој резултата тие сфатија дека не можат да одат погоре, туку моќат да паѓаат во број на гласови. ВМРО-ДПМНЕ бара избори по пржински модел бидејќи е така по закон, и доколку имат избори по пржински модел, ВМРО-ДПМНЕ ќе победи.