На официјалната страна на Народна банка на Република Македонија закажана е аукција на државни хартии од вредност на 16 –ти овој месец. Имено, станува збор за државни записи и за државни обврзници во вкупен износ од 3.330.000.000 денари или 53,6 милиони евра.

Владата константно ги задолжува македонските граѓани бес притоа да има видливи резултати во поглед на вложување во капитални инвестиции. Така податоците од извештајот на Министерството за финансии покажува дека за првите 8 месеци од годината реализацијата на капитални трошоци е разочарувачки 23,31 %.
Според експертите ова се одразува и на градежништвото кое е во континуиран пад што претставува голема опасност бидејќи градежништвото е носечка гранка во македонската економија и главен учесник во растот на БДП.
Доколку се земат во предвид и прогнозите од ММФ и Светска банка за растот на БДП во 2018 година кои не се воопшто високи и ветувачки јасно е дека економскиот тим на Владата потфрли во спроведувањето на економските мерки.
Инаку ММФ ја намали прогнозата за економскиот раст за Македонија на 1,6 отсто, наместо првичната проценка, кога ММФ очекуваше раст 3,2 проценти. Со тоа Македонија има убедливо најлоши оценки од меѓународните финансиски институции.