Актуелно 16.10.2018 19:43

Ременски: Уставот бил како кошула, морал да се менува, ќе сме биле граѓани на ЕУ и на светот

Ременски: Уставот бил како кошула, морал да се менува, ќе сме биле граѓани на ЕУ и на светот

Пратеничката oд СДСМ, Фросина Ременски денеска на седница во Собранието рече дека нема да повикува никого дали да гласа или не, но наведе дека со Договорот е заштитен јазикот, индентитетот, границите.

Таа вели дека нашиот идентитет ќе се менува, ќе бидеме граѓани на ЕУ и на светот.

-Уставот е како една кошула која треба да се адаптира на телото, рече Ременски.

Taa вели дека и во македонското ткиво ако се запрашаме за идентитетот, едни ќе тврдат дека имаат потекло од Александар Македонски, а други вели ќе бидат пред дебата колку сме антички Македонци.

Според неа, не треба да робуваме на историски тези.

Таа вели дека се појавува и историска патетика кога се говори дека друг одлучувал за македонскиот народ.