Економија 22.10.2018 23:35

Сите би сакале плати како нивните – топ македонски професии

Сите би сакале плати како нивните – топ македонски професии

Во Македонија постојат неколку професии кои секој квартал се издвојуваат по висината на приходите.

Вработените во воздухопловен транспорт во август годинава имале бруто 90.299 денари, во компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности – 86.412 денари, производство на основни фармацевтски производи и  фармацевтски препарати – 63.707 денари, финансиско-услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови – 63.347 денари и телекомуникации – 61.626 денари.

Зад нив се вработените во секторите снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација – 57.157 денари, дејности на организации врз база на зачленување – 55.262 денари, осигурување, реосигурување и пензиски фондови, освен задолжително социјално осигурување – 54.891 денар, складирање и помошни дејности во превозот – 54.689 денари и правни и сметководствени дејности – 53.008 денари.

Податоците на Државниот завод за статистика, покажуваат дека индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во август 2018 година, во однос на август минатата година е 105.6.

Ваквото зголемување е резултат на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Информации и комуникации (14.7 отсто), Преработувачка индустрија (11.4 отсто) и Земјоделство, шумарство и рибарство (10.9 отсто).