Близнаци
Луѓето родени во овој знак се најсклони кон кокетирање од сите знаци во Зодијакот. Тие едноставно не можат да си помогнат – имаат природна харизма. Иако се свесни за последиците, ќе го направат она што не смеат.
Постојат два типа на Близнаци – зрели и незрели. Незрелите примероци ќе кокетираат и ќе отидат со секој кој ќе им ја разбуди фантазијата. Зрелите Близнаци ќе забележат некој кој им е интересен, но нема да подлегнат на искушението – ќе останат верни партнери.
Овен
Овните се многу страствени и ги бие лош глас кога станува збор за прељубата. Иако, секако, тоа не може да се каже за секој претставник од овој знак бидејќи некои од нив се исклучиво фамилијарни типови. Луѓето родени во знакот на Овен се многу интересни и знаат како да го привлечат спротивниот пол. Имаат силна сексуална енергија со која зрачат и искушенијата за нив понекогаш се преголеми.
Шкорпија
Иако луѓето од овој знак најчесто се предадени, склони се кон изневерување и оставање на партнерот за некој друг кога ќе почувствуваат дека повеќе не ги почитува како порано. Шкорпиите се многу страствени на почеток на односот и тоа е причината зошто понекогаш избираат погрешни партнери. Кога еднаш ќе сфатат што се крие под нечија површина, знаат да се разочараат и да посакаат да бидат со некој друг.