Економија 29.10.2018 15:37

НАЈСКАПАТА СОФТВЕРСКА АКВИЗАЦИЈА ДОСЕГА: Кој го купува „Red Hat“ за 34 милијарди долари

НАЈСКАПАТА СОФТВЕРСКА АКВИЗАЦИЈА ДОСЕГА: Кој го купува „Red Hat“ за 34 милијарди долари

IBM објави дека ја купува софтверската компанија Red Hat, и тоа за вртоглави 34 милијарди долари. Тоа ја прави оваа аквизација најскапа досега, кога се работи за софтверските компании.

Проценката на вредноста на компанијата Red Hat гласела на 20,5 милијарди долари, а ова е третата највредна аквизација на една американска технолошка компанија, по купувањето на EMC од страна на Dell – за 67 милијарди долари и преземање на Broadcom 37 милијарди долари.

Red Hat е познат по својата улога во домент на open-source softver и технологии. Компанијата на овие простори е посебно позната по својот Red Hat Linux оперативен систем, кој бил една од најпопуларните Linux дистрибуции.

IBM ќе го плати целиот износ во кеш, купувајќи ги акциите на Red Hat по цена од 190 долари, што е значајно над 116,68 долари, колку што изнесувала нивната пазарна вредност пред само неколку дена. Софтверската компанија ќе биде интегрирана во Hybrid Cloud одделението на IBM, додека досегашниот Red Hat CEO Џим Вајнтруст ќе биде додаден на менаџментот на IBM и ќе одговара директно на извршната директорка на компанијата Џина Ромет.

Објавено е дека улога во преземањето одиграле и компаниите Goldman Sachs, J.P. Morgan и Lazard како IBM советници , додека од страна на Red Hat-a тоа биле Morgan Stanley и Guggenheim.