Економија 30.10.2018 16:41

Кина и Индија и понатаму купуваат иранска нафта

Кина и Индија и понатаму купуваат иранска нафта

Само неколку дена пред да стапат на сила американските санкции кон нафтениот сектор во Иран, двата најголеми корисници на иранска нафта, Индија и Кина, не се согласуваат со ставот на Вашингтон.

Санкциите треба да стапат на сила на 5 ноември и се воведени откако САД го напуштија нуклеарниот договор со Техеран.

Кина, која е најголем корисник на иранска нафта, објави дека и понатаму го поддржува договорот со Техеран, иако Вашингтон најави дека ќе ги блокира кинеските компании да работат во САД доколку се спротивстават на санкциите.

Јапонија и Јужна Кореја престанаа да купуваат иранска нафта.