Актуелно 09.11.2018 20:22

Стевче Јакимовски: Оркестрирано е судењето на Груевски за Владата покрај договорот со Грција да го вметне и Рамковниот договор во Уставот.

Стевче Јакимовски: Оркестрирано е судењето на Груевски за Владата покрај договорот со Грција да го вметне и Рамковниот договор во Уставот.

 

Во вечерашната емисија Отворено на Канал 5 гостуваа  лидерот на ГРОМ Стевче Јакимовски и Љубчо Зиков.

Имено Стевче Јакимовски истакна дека ова експресно судење на екс премиерот Никола Груевски е оркестрирано за да се замајува јавноста поради тоа што Владата сака да има отворен пат  да покрај спроведување на договорот со Грција да се спроведе и Рамковниот договор во Уставот.

„Очигледно дека СДСМ во услови кога во преамбулата покрај договорот со Грција сака да го протурка и Рамковниот договор им требаат спектакли и сето тоа беше правено темпирано . Вршено е судско насилие за да дојде баш пред овој временски период кога се оди со уставните амандмани да биде судењето главна тема на дискусија“.

Јакимовски кажа сека Владата преку СЈО прави таканаречени „циркузи“  и дека овие процеси се оркестрирани за да народот може да се бави со тие теми а не со темите кои се од огромна важност на државата.