Падот на цените на криптовалутите кој започна во средата, ја спушти пазарната капитализација на биткоинот под 100 милијарди долари за прв пат од октомври 2017-та година.
Утрово пазарната капитализација на биткоинот беше 98.085.735.693 долари, според „Coinmarketcap.com“.
Поевтинувањето доаѓа по сериозните распродажби на пазарот на криптовалути кои започнаа во средата и продолжија и денес во Азија.
Според основачот на „BKCM“, Брајан Кели, падот на цените е поврзан со „биткоин кеш“, кој се оддели во август 2017-та година од биткоинот со цел да можат да бидат обработени повеќе трансакции.
Биткоинот минува низ „надградба за софтверот“, според Кели. „Кога има таква надградба, обично сите се согласуваат. Во овој конкретен случај, сепак, не сите се согласуваат“, вели тој.
Цената на биткоинот изнесува 5.644,60 долари. Криптовалутата се тргуваше во близина на нивото од 6.400 долари во поголемиот дел од изминатите неколку месеци, што беше во остар контраст со нестабилноста во последната година.