Македонија има лошо правосудство и очајни услови во затворите. Шефот на кабинетот на Орбан, Гергели Гулаш одговарајќи на пратеничко прашање изјави дека за ситуацијата во македонското правосудство говорат и извештаите на Европската комисија и Советот на Европа кои редовно даваат лоши оценки.
Токму овие параметри, како што вели Гулаш, се земаат предвид во постапката за добивање азил во Унгарија.
Одговарајќи на пратеничко прашање во унгарскиот парламент како може Груевски да аплицира за азил кога влегол во Унгарија од Србија која е безбедна земја, Гулаш вчера кажа дека принципот на безбедна земја е важен, но според процедурата за барање азил треба да се земе предвид ситуацијата во Македонија со судскиот систем и условите во затворите, додавајќи дека не е сигурен дека Груевски добил фер судење при изрекувањето на двегодишната затворска казна.
Медиумите во регионот веќе објавуваат дека Груевски добил азил од Унгарија.