-Во истиов контекст на лоши предвидувања и апатија помеѓу народот би сакал да дадам уште едно предвидување кое се плашам дека ќе се реализира, а се надевам дека нема. Без разлика што Заев го менува името во Северна, економијата не само што не оди напред, туку назадува, фискалната дисциплина попушта и Заев заедно со министерот за финансии Драган Тевдовски одат на навидум најлесниот но најопасен чекор, на зголемување даноци и воведување нови.
Николоски додава дека помалите банки би можеле да банкротираат и да се случи економски колапс заради новите даноци на депозити кои ги воведува Владата на Заев.
„Имено, со воведување на нов данок на каматите на депозитите во банки се очекува да се створи негативен ефект кај штедачите. Каматите на депозити особено ако се девизни и сега се многу ниски и се под еден процент, што не ја покрива ни годишната инфлација, ако на тоа сега се додаде и данокот од 15 проценти, како и нестабилната политичка состојба очекувано е голем дел од граѓаните да ги повлечат своите депозити од банките. Тоа е огромна закана за неколку помали банки кои можат да се соочат со сериозни проблеми во своето работење, па дури и банкрот, кој ако се случи ќе има несогледливи последици кон економијата.“
Вели дека не посакува ова да се случи и затоа јавно апелира до власта да го повлече својот предлог за зголемување на даноци и воведување нови.
Николоски потенцира дека доколку тоа не го направат ВМРО-ДПМНЕ по победата на следните парламентарни избори и формирањето Влада, ќе ги укине на првата седница.