Некои шефови се лоши по природа, дури и во својот приватен живот. Многу често тие имаат проблеми во односите со другите луѓе и се чувствуваат несреќни. Сакаат да доминираат над другите и секогаш се потсмеваат со вработените кои се „под нив“.
Има и такви шефови кои не сакаат да бидат лоши. Често тие не осознаваат дека предизвикуваат дополнителен стрес кај своите вработени. Дури сметаат дека сè што прават е правилно и дека се добри лидери.
За да ја изберете точната стратегија за справување со вашиот шеф, потребно е да знаете што го предизвикува неговото несоодветно однесување, со кое си ја заслужува етикетата „лош шеф“.
Унапреден поради погрешни причини
Многу често во нашата држава се случува да добиете шеф, кој воопшто нема познавања од областа во која работи и не знае како треба да биде добар лидер. Политичките или роднинските врски си го прават своето, а вие лесно можете да завршите со неподготвен шеф, кој се прави нешто што не е.
Отсуство на фидбек
Многу шефови не знаат многу работи, затоа што никој не се осудува да им ги каже. Овој тип шефови не сакаат да слушаат совети или препораки од своите вработени, а со тоа ја уништуваат комуникацијата и не добиваат фидбек. Тие сметаат дека се добри лидери и дека не треба ништо да променат, затоа што никој им ја нема кажано вистината.
Еве како да се справите со лошиот шеф на добар начин
Поставете приоритети на задачите
Направете список со сите задачи кои ви се дадени. Во тој список вклучете го и времето и ресурсите, кои ви се потребни за да ги завршите тие задачи. Подредете ги по важност и покажете му го тој список на вашиот шеф. Побарајте негово согласување.
Ако во меѓувреме добиете нова задача, консултирајте се со вашиот шеф, за тоа каде спаѓа по приоритет новата задача. Така и вие ќе си ја олесните работата, ќе бидете поорганизирани, а во истото време нема да му давате причина на вашиот шеф да се однесува лошо кон вас, заради тоа што доцните со исполнувањето на некоја задача.
Дознајте што вашиот шеф очекува од вас
Не претпоставувајте што се очекува од вас, а дознајте. Затоа што може да се случи вие да мислите дека проблемот не е кај вас, а всушност да биде.