Ласовска појасни дека тоа тело и повеќе нејзини сопартијци го нарекуваат тело за порамнување бидејќи се појавува после референдумот и после Црниот петок после гласањето. И да видиме каква е таа правда која што тие ќе ја донесат со некаков закон кој што се најавува.
-Еве и вие кажавте дека ќе има скалеста амнестија, дали тоа според вас скалеста амнестија е правда или пак пазарење внатре во самото тело. Јас тебе глас, ти мене слобода. Тоа така делува во јавноста дури слушам деновиве дека многу правни експерти со доза на резерва го примаат ова колективно тело за помирување бидејќи сите знаеме целата јавност, на народот веќе му е јасно дека ова тело впрочем треба да ги покрие настаните кои што се случија на 19-ти на самиот чин на гласање, посочи Ласовска.