На официјалната страна на Народната Банка на Република Македонија објавена е аукцијата на реализирани државни хартии од вредност во износ од 1.299.510.000 денари или 21,1 милиони евра.

Владата константно се задолжува додека економијата се повеќе тоне коментираат експертите. Загрижувачки и алармантно е дека капиталните инвестиции се на историско најниско ниво односно заклучно со октомври едвај 40 % . Ова се катастрофално ниски бројки посебно ако се земе фактот дека и градежништвото е во пад но и индустријата дише на помошни апарати.
Градежништвото според официјалните информации е во континуиран пад од почетокот на годината што силно влијае врз слабите економски перформанси на другите гранки.
Имено, експертската јавност постојано предупредува на лошите економски политики кои ги носи Владата но Владата како што велат тие останува глува за нивните предлози и сугестии со што директно негативно влијае и врз целокупното стопанство.
Растот на БДП како што се движат работите исто така останува знак прашалник дали ќе се реализира посебно ако се земе фактот дека сите реномирани финансиски институции направија надолна корекција на владината проекција коментираат економистите. Инаку Владата го проектираше економскиот раст на 3,2 % но последно Европската комисија направи надолна корекција на 2,1 %.