Европската Комисија денеска треба да го обелодени својот нов акциски план за борба против лажните вести во пресрет на европските избори во мај 2019 година.
Според најавите за медиумите, ЕК ќе бара од големите дигитални платформи како Твитер, Фејсбук и Гугл месечни извештаи за руските кампањи на дезинформации, кои ги таргетираат европските гласачи.
Извештаите ќе се поднесуваат од јануари до мај 2019 и ќе содржат информации за политички реклами како и детали за лажни профили и ботови кои ќе треба да се деактивираат.
Се очекува ЕК да побара од земјите членки значително поголема финансиска поддршка за единицата “Стратком“, која се занимава со детектирање лажни вести од Русија.
МИА