Актуелно 05.12.2018 14:34

Јанушев: Ова е најнеуспешната влада која што во историјата на Македонија сме ја имале

Јанушев: Ова е најнеуспешната влада која што во историјата на Македонија сме ја имале

Ова е најнеуспешната влада која што во историјата на Македонија сме ја имале.

Покрај најгорливото прашање што го прават, а тоа е на сила да го завршат процесот за уставни измени против волјата на народот и покрај неуспешниот референдум, исто така во секое друго поле имаме поразителни резултати.

Дали е тоа економијата, дали е тоа здравството, образованието, земјоделието, нема тема каде што можеме да кажеме дека се успешни, изјави во емисијата „200“ на Алсат М телевизија, Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев. Јанушев потенцираше дека откако е СДСМ на власт не само што имаме зголемено задолжување, туку и задолжувањето бележи рекорди како никогаш досега, исто дека има и помалку од 30% на реализација на капиталните инвестиции, и додава дека толку се некадарни и неспособни дури и проектите кои што беа започнати од претходната влада не успеваат да ги реализираат.

– Пред две години, на почетокот на мандатот една од работите што Заев успеа да ги излаже е дека Фејсбук и Гугл биле на вратите, ама сега од тоа се што направи е да вработи стотина луѓе во владата кои по цел ден седат на Фејсбук и гуглаат на Гугл, ако мислеше на тоа, тогаш реализирано му е ветувањето.

Токму затоа истакна дека протестите кои што ВМРО-ДПМНЕ ги започна од минатата среда, продолжуваат и оваа среда, ќе продолжат и за време на викендот, се протести буквално против овие црнила кои што оваа неспособна влада ги наметнува и очекуваат поддршката од граѓаните на овие протести само да се зголемува, бидејќи граѓаните секојдневно ги чувствуваат последиците од црнилата кои ги создава владата на СДСМ.