Мозаик 17.12.2018 12:28

Витаминска бомба која штити од најлоши болести

Витаминска бомба која штити од најлоши болести

Ова мешавина го надоместува дефицитот на витамини, особено во сезоната на грип и настинки.

Исклучително е добра за зајакнување на кардиоваскуларниот систем и за зајакнување на имунитетот. Рускиот академик Амосов го сподели рецептот за права витаманско-минерална бомба.

Академик Амосов препорачува оваа здрава смеса да ја користат и постоперативните пациенти за брзо опоравување на организмот.

Извонредно е корисна и за здравите луѓе. Смесата го надоместува дефицитот на витамини, особено во зимскиот период, во сезоната на грип и настинки. Оваа мешавина е исклучително добра за јакнење на кардиоваскуларниот систем и зајакнување на имунитетот.

Состав:

200 грама суво грозје, суви кајсии, суви смокви, ореви, мед и еден лимон со кора.

Припрема:

Сите состојки измелете ги во машина за мелење месо(или ситно исецкајте), додадете мед, промешајте и ставете ја во тегла. Чувајте ја смесата во фрижидер. Земајте по една супена лажица, двапати дневно. Наутро на празен стомак, и навечер пред спиење, со шолја млака вода или млеко. За деца (не помлади од 3-4 години) – по една кафена лажица, на истиот начин.

Пред подготовка на оваа мешавина:

Најголемиот дел од овошјето пред сушење се третира со одредени хемикалии заради долготрајноста. Задолжително добро измиете ги пред консумирање. По правило, сувото овошје треба да се потопи во сад со сварена и изладена вода преку ноќ. Утрото водата истурете ја и повторно измиете го под силен млаз вода и оставете го да се исуши.

Најнови вести