Словенечкиот министер за надворешни работи Миро Церар за Вашингтон пост изјави дека американската адмнинистрација треба посилно да се ангажира во Југоисточна Европа, ако не сака јакнење на влијанието на Русија и на Кина во тој дел од Европа.
– Ако надвладеат руски или кинески интереси, тој регион може да го загубиме. – изјави Церар за весникот додавајќи дека треба да биде поизразено присуството и ангажираноста на САД.
Шефот на словенечката дипломатија нагласува дека во Средна, Источна Европа како и Балканот, посебно се изразени интересите на Кина за јакнење политички и економски врски.
– Иако Словенија има само два милиона жители таа привлекува голем интерес за инвестиции од Кина додека САД во тој поглед многу помалку е видлив. – изјави Церар.
Тој предупреди дека интересот на Москва и на Пекинг во ситуација кога администрацијата во Вашингтон е фокусирана на агендата „Америка на прво место“, помалку се ангажира во Европа. Тоа според него може да предизвика геополитички промени во однос на стариот континент и посебно на Балканот.
– Мислам дека би било добро кога нашите сојузници во САД би биле поприсутни во тој регион. – нагласи Церар, при тоа предупредувајќи дека администрацијата на Трамп предлага на Конгресот намалувања за поддршка во странство, додека Москва и Пекинг во исто време, ги зголемуваат средствата и со тоа и своето влијание во светот.
Според Церар, Словенија има големо влијание на Западен Балкан, а ЕУ во соработка со САД во тој поглед треба да покаже повеќе одлучност бидејќи Балканот спаѓа во демократското европско семејство како полноправен чл