Дали вашиот омилен пијалок ја намалува способноста да доживеете оргазам? Коктел или чаша вино може да ви помогне да се опуштите или да се чувствувате дури и попривлечно.
Но, дали навистина ви помагаат во тоа да имате подобар секс?
Иако понекогаш се чини дека по една чашка алкохол имате подобар секс, еве како тоа навистина влијае на телото.
Го депримира централниот нервен систем
Може да се каже дека алкохолот спречува некои делови на централниот нервен систем кои се важни за сексуалното возбудување и оргазам – дишењето, циркулацијата и чувствителноста на нервните завршетоци.
Го дехидрира организмот
За сексуалната возбуда е неопходно одредено ниво на крв која го носи кислород и ја зајакнува гениталната чувствителност. Овој процес е поврзан со ерекцијата кај мажите и лубрикацијата (подмачкување) кај жените. Кога количината на течностите во телото е мала и со депресивен нервен систем, телото само ја забавува сексуалната возбуда и оргазам. Меѓутоа, не се сите ефекти на алкохолот врз сексот негативни.
Алкохолот е афродизијак?
Алкохолот, секако, ја има репутацијата дека е добар афродизијак. Дали навистина е така? Едно или два пијалаци (во зависност од тежината, возраста и некои други фактори) можат да им помогнат на лицата да надминат одредени сопирачки кои самите си ги поставиле и така полесно да се впуштат во сексот.
Помалку ерекции
Поголема количина на алкохол може да доведе до проблеми со ерекцијата, бидејќи дехидрацијата до која доаѓа по поголема количина на алкохол во организмот не само што ја намалува количината на крвта туку се зголемува ангиотензинот, хормон поврзан со еректилна дисфункција.
Задоцнета ејакулација
Истражувањето направено 2004 г. покажало дека 11% од луѓето кои консумираат алкохол имаат проблем со доживување оргазам. Мажите имаат проблем со ејакулација додека на жените им се потребно повеќе стимулации за да доживеат оргазам.
Сувоста на вагината
Алкохолот може да го освежи вашиот социјален живот, но не прави ништо добро кога станува збор за влажноста на вагината. Дехидрацијата која е поврзана со конзумирањето на алкохол доведува до замор, главоболка, но и до сувоста на вагината.