Иако американскиот борбен авион Ф-35 сеуште не полетал или барем докрај не се докажал во борбите, американскиот воено индустриски комплекс веќе развива борбени авиони од 6-та генерација кои би требало да ги заменат Ф-35 и Ф-22 и секој од нив би чинел 300 милииони долари. Овие авиони би требало да им парираат на Русија и Кина.
Одборот за контрола на буџетот на американскиот Конгрес предупредува дека трошокот за изработка на ова летало може да е трипати поголем од дизајнирањето и производството о на авионот Ф-35, најскапиот воен проект на светот, што некои од американските стручњаци ги присили да се запрашаат дали би можеле да си го дозволат тој луксуз, пишуваат медиумите. Борбените авиони од следната генерација, се наведува дека иако имаат поголема автономија на летот и поголема носивост од ривалот, пред се од руските и кинеските. Меѓутоа, проблемот е претераната цена на проектот, стои во Извештајот на одделението за контрола на буџетот на американскиот Конгрес. За споредба Ф-35 чинеше 94 милиони долари.
Се проценува дека американското воено воздухопловство би моѓело да прими 414 од Ф-Х авионите, кои би ги замениле авионите Ф-15, Ф-22 и Ф35, а вкупната цена на прокетот надмашува 124 милијарди долари.
Трошокот не е динствениот проблем со кој овој проект би можел да се соочи во иднина. Буџетското одделение во Вашингтон вели дека првиот авион од оваа генерација би моѓел да се најде во служба 2030година, но признава дека планот за испораката можеби е оптимистичен, особено ако се земе предвид времето на развој за Ф-22 и Ф35.