Една од водечките британски финансиски институции – „Royal Bank of Scotland“ (RBS), поднесе барање за лиценца за банкарски активности во Германија, за да го задржи пристап до европскиот финансиски пазар, по излегувањето на Велика Британија од Европската унија.
Според весникот, банката ја потврди својата намера да ја замени својата постоечка филијала во Франкфурт со нова лиценцна поделба, која ќе дејствува како регионален „центар“. Во моментов, Банката врши регрутирање на експерти за проширување на својот бизнис, вклучително и финансиски професионалци и експерти за локалното регулаторно законодавство.
Новата единица ќе биде одговорна за обработката и спроведувањето на деноминираните во евра плаќања, ќе управува со ликвидноста во евра и по потреба ќе дава заеми и ќе привлекува депозити од германските клиенти, станува јасно од огласот за отворените нови работни места.
„RBS“ ја помина последната деценија во трансформацијата од една од најголемите светски банки по пазарна капитализација во значително помал кредитор, фокусиран главно на клиенти во Велика Британија и Ирска. Сепак банката продолжува да има голем број на клиенти на услугата за инвестициско банкарство во Западна Европа и продолжува да остварува значителни плаќања во евра за свои корпоративни клиенти, како и за свои потреби.
Претходно беше пресметано дека лондонскиот „Сити“ може да загуби до 800 милијарди евра од извоз на активностите на меѓународните банки и други финансиски институции во Франкфурт поради „Brexit“.
Германскиот град стана една од најпопуларните локации за финансиските компании кои бараат замена за Лондон по излегувањето на Велика Британија од ЕУ.