Според последниот извештај на World Talent Report објавен на Business Insider, Швајцарија е земјата којашто “поседува“ најголем број на висококвалификувани професионалци.
Истражувањето е спроведено во 63 светски земји, каде што “нивото на таленти“ се проценува според перформансот на земјите во креирање, привлекување и задржување на професионалци.
Се разгледувале различни сфери: образование, обука на работното место, познавање на јазици, меѓународно искуство, квалитет на живеење и плати.Земјите се рангирани откако е направена детална анализа на сите фактори и услови, односно според целокупниот резултат изразен во бодови, од 1 до 100. Бодувањето се базира на три главни индикатори: инвестиции и развој, привлечност на земјата и подготвеност, а еве кои земји се најдоа во топ 10:
Германија – 81,11 бода
Луксембург – 81,63 бода
Шведска – 82,45 бода
Финска – 83 бода
Канада – 84,5 бода
Холандија – 85,25 бода
Австрија – 86,10 бода
Норвешка – 86,37 бода
Данска – 91,97 бода
Швајцарија – 100 бода