Одамна планирам со вас да ги споделам своите сознанија за можните последици од интензивното користење на уреди со екрани во најрана возраст: телевизори, компјутери, таблети и смартфони.
Веднаш да се оградам и да кажам дека ги изнесувам само моите забелешки врз основа на искуства. Ова може да се разбере како застрашување од незнаење – и тоа имав можност да слупнам. Сепак, ми се чини дека сѐ се вклопува и сѐ доаѓа на свое место.
Работата ми налага секојдневно да се дружам со деца со помали или поголеми пречки во развојот. Пет години се среќавам со истиот проблем – деца кои во просек имаат три години практично и не говорат. Однесувањето на тие деца е слично на однесувањто на децата со аутизам. Заедничко им е тоа што кога биле мали на година дена дадени им се паметни телефони, односно, таблети .
Тие деца практично цело слободно време го поминуваат со овие уреди, буквално живеат со нив. Од тоа страда фацијалната експресија (мимика на лицето), насочувањето на погледот (контакт со очите) и емотивната сфера. Обидот да му одезмете уредот на детето кај него предизвикува крајно негодување и агресија. Говорот по правило не се развил или е рудиментрен.
Комуникацијата со околината, со реалниот свет очигледно е многу лоша. Знаејќи колку е лесно да се помешаат причината и последицата, не исклучувам дека некои од тие деца се аутистични, а дека преокупацијата со уредите е една од варијантите на стереотипното однесување.
Девојче, од 1 година и 3 месеци живее во Њујорк. Привлече внимание со тоа што не се јави на своето име и не изреагира на вербалните барања. Нема развиена адекватна мимика и гестикулација. Неколку месеци порано не беше толку лошо. Детето плескало со рачињата, мавтало, па-па. Специјалистите се посомневале на пореметување од аутистичен спектар.
Добив голем број на видео снимки со епизоди од животот на детето. Се почнало околу 7-8 месеци кога детето почнало да седи во столица за јадење пред вклучен телевизор. Одиме понатаму: со година дена девојчето практично целото свое слободно време го поминувала пред некаков екран. Родителите го послушаа мојот совет и сите уреди ги тргнале од детето. Очекувано, првите денови кај девојчето забележале раздразливост, хистеричност и агресивност, и беше многу тешко да се нахрани. Но, ѝ се вратил контактот со очите и покажување со рака!
Секако, ја разбирам колебливоста и субјективноста на проценката на детето на далечина … Но, сеедно не престанувам да се прашам: дали е можно во “спектарот” да се наиде на ситуации со механизам кој би можел да се окарактеризира како “псеудоаутизам”? (Не сум сигурен дека тоа е точниот термин, налетав на него кај Charles Nokikten …)
Автор: Олег Корењ