Македонија и натаму троши најевтини горива, затоа Владата засега нема да презема мерки. Вицепремиерот Анѓушев вели дека методологијата која се користи во змејава ќе се менува дури кон средината на идната година затоа што тоа е обврска од договорот кој Владата во 1999 го потпишала со Хеленик Петролеум. Според тој начин на пресметка во цената се вкалукирани 27 долари по тон за гориво произведено во земјава, а од 2012 во Макеоднија нема производство. Акцизата пак за дизелот која од Нова година е зголемена за 3,5 денари, е апсолвирано прашање.
Споредбата што ја направи Сител покажуава дека навистина Македонците возат на најевтини деривати. Но, разликата во последниот период е значително стопена. Ако лани литар дизел во земјава чинеше 0,85 евра за литар и беше без конкуренција најевтин во регионот, сега надминува евро и се доближува до цените во другите земји. Цената во Македонија од лани досега е зголемана за 14,5 денари за литар.
Литар дизел сега чини 1,06 евра, во Србија, Црна Гора, Хрватска, Германија околу 1,3 евра, во Грција 1,4 евра.
Македонската цена на дизелот е најблиска со цената што ја плаќаат граѓаните на најбогатата држава во Европа, Луксембург. Кај нас просечната плата изнесува 400 евра, таму близу 3200 евра.