Мозаик 31.01.2019 14:59

Ситуациите на работното место влхјаaт врз тоа дали ќе имате стресен живот

Ситуациите на работното место влхјаaт врз тоа дали ќе имате стресен живот

Дали знаете дека ситуациите на работното место влијаат на тоа дали ќе имате стресен живот или не?

Доколку реагирате на непристојното однесување на некој колега, познаник или пријател само ќе ја влошите состојбата. Пронајдовме за вас начини како да се решите од сите непријатни ситуации и на тој начин да го зачувате достоинството, но и вашите нерви.

Доколку се најдете во ситуација некој да се „истури“ на вас, а вие не сте ни виновни ниту должни, размислувајте за тоа како да сте се нашле на погрешно место во погрешно време. Реагирајте пристојно и гледајте на непристојните коментари како на пакет кој сте го добиле неотпакуван и таков можете да го вратите, никогаш не се трудете да го отпакувате, да видите што е тоа внатре и да размислите, едноставно вратете го!

Луѓето обично се обидуваат да го прилагодат своето однесување на однесувањата на другите луѓе. Па така, ако вие се смешкате и покажувате сочувство, голема е веројатноста дека и некој друг така ќе изреагира.

Бидете кон сите пријателски расположени. Поголема е можноста дека ќе бидете агресивни кон личностите кои не ги познавате, отколку кон колегите и пријателите, па поради тоа обидете се кон сите, па дури можеби и кон оние кои тоа не го заслужуваат, да бидете пријателски расположени, бидејќи мирот е важен за да немате стресен живот.

Гледајте поинаку на работите, не мислете дека сите луѓе направиле некаков лош потег со одредена намера, размислувајте позитивно и прифатете ги непријатните ситуации како составен дел од животот и прифатете го фактот дека нивното влијание врз вас ќе биде големо толку колку што вие самите ќе дозволите.