Актуелно 14.02.2019 01:58

14 загинати – 6 во ГОБ, еден во „Свети Наум“, 7 на самото место, a 7 лица во критична состојба

14 загинати – 6 во ГОБ, еден во „Свети Наум“, 7 на самото место, a 7 лица во критична состојба

Од вкупно згрижените 37 лица во ГОБ „8 Септември“, четири се во критична состојба, а сериозна е и состојбата на уште двајца повредени кои се хоспитализирани во Ургентниот центар. Седум лица го загубиле животот на самото место на несреќата, а другите седум им подлегнале на повредите.

Имињата на 14 загинати се уште не се соопштени зашто во тек е нивна идетификација на Институтот за судска медицина.

Премиерот Зран Заев вечерва соопшти дека 6 лица починале во ГОБ „8 Септември“, едно во „Свети Наум Охридски“ и 7 на самото место на несреќата.

-Две лица биле пренесени во Тетово и се во добра состојба, едно лице од Гостивар е на домашно лекување, 8 лица во „Мајка Тереза“, од кои три со сериозни повреди, соопшто премиерот.

Министерот Филипче соопшти дека четири лица кои се во одделот за интензивно лекување во ГОБ „8 Септември“ се во критична состојба, но не се во животозагрозувачка состојба.

-Во моментов се врши интервенција врз три лица во Клиничкиот центар и тие се со повреди кои не се животозагрозувачки иако критични. За сите овие лица продолжува интензивното лекување, рече Филипче.

Министерот повтори дека возачот е во стабилна состојба и е хоспотализиран во ГОБ „8 Септември“.