Актуелно 05.03.2019 13:33

Грипот ја зеде петтата жртва: Почина 14-годишно дете

Грипот ја зеде петтата жртва: Почина 14-годишно дете

На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби поради компликации од грип почина 14-годишно дете.

Детето претходно боледувало и од церебрална парализа.

Според податоците од Институтот за јавно здравје, до крајот на минатиот месец се пријавени 3.209 случаи со симптоми на грип.

Инаку, ова е петти регистриран смртен случај од грип оваа сезона.