Две лица, државјани на Република Албанија вчера на скопскиот аеродром биле фатени со фалсификувани грчки лични карти.
Како што соопшти полицијата, едниот од нив, Е.Л. по извршената проверка признал дека личната карта била фалсификувана и дека ја имал купено од непознато лице во Албанија за сума од 1.000 евра. Дваесет и шестгодишниот Е.Л. бил приведен.
Во вторниот случај, со лажна лична карта патувало лицето Х.А. кое било приведено и предадено на полициски службеници за понатамошна постапка. По извршениот преглед, кај него пронајдена била албанската лична карта на негово име.