Во своето гостување во вестите на Сител, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, зборуваше за настаните од 27-ми април и за вчерашното апсење на Митко Чавков.
На прашањето дали тој очекува да се потврди информација дека Митко Чавков ќе биде осуден на 14 години затвор, тој одговори:
–Па јас имав слушнато и подолг период за жал, и очекувам дека вкупната пресуда којашто ќе се случува во петок ќе биде преку сто години за сите обвинети од 27-ми април, и тоа ќе биде практично Нимбершки процес за прв пат запаменет во поновата историја на Република Македонија, истакна Мицкоски.
Тој додаде дека сето ова претставува осветољубие и ништо друго.
– Од друга страна го имаме овој мафијашки приспат кога се следи лицето коешто треба да биде осудено, егзикотирано, се апси се приведува, а основа за тоа претставува една службена белешка којашто е помалку или повеќе симптоматична со тврдење дека се подгвотвувал да избега во викендичка којашто ја имале во една соседна држава, додаде Мицкоски.