Актуелно 19.03.2019 14:07

ДЗС: Се помалку запишани деца во основните и средните училишта! Граѓаните масовно се иселуваат!?

ДЗС: Се помалку запишани деца во основните и средните училишта! Граѓаните масовно се иселуваат!?

Проблемот со иселувањето станува се поалармантен. Имено, голем број на млади луѓе воопшто не ја гледаат својата иднина во Македонија а тоа го потврдува и фактот дека секој ден се повеќе млади се иселуваат додека имаме се помалку ученици и средношколци запишани во средните и основните училишта.

Според најновите податоци од Државниот завод за статистика бројот на учениците во редовните основни училишта изнесува 188 517, што претставува намалување за 0,9 % во однос на претходната учебна година. Исто така во редовните средни училишта, бројот на учениците на крајот на учебната 2017/2018 година изнесува 70 861, што претставува намалување за 2,2 % во однос на претходната учебна година.

За ова критикуваше и опозициската ВМРО ДПМНЕ која во неколку свои пресови изјави дека се помалку ученици бројат паралелките во сите градови. Актуелниот пратеник Влатко Ѓорчев изјави дека никогаш, во историјата на Република Македонија немало помалку ученици во училиштата, никогаш немало помалку првачиња во училишните клупи. Од Македонија секогаш имало иселување но она што се случувало во последнава година ипол е буквално егзодус е буквално масовно напуштање на Република Македонија кое што се гледа докажливо преку бројки.
Имено Ѓорчев истакна дека во најголемата општина Куманово има намалување на бројот на првачињата и во Велес.

– Имаме огромно намалување на бројот на првачиња во Битола, Дебар во Маврово-Ростуше во Кичево рапидно паѓа бројот на ученици, во дури 3 од 4 училишта централни во градот во Штип секаде има барања за намалување на паралелките односно бројот на учениците. Старо Нагоричане исто така скопските општини Карпош, Кисела Вода, Ѓорче Петров исто така. Сето ова не доведува до заклучокот во Македонија не дојде живот во Македонија дојде пустош, економски крах небиднина, иселување како никогаш досега, кое што се гледа, евидентно е преку убедливо најмалиот број на првачиња во историјата на Република Македонија, истакна Ѓорчев.

Според критичарите ваквата состојба се должи на лошите економски политики на Владата и неотворањето на фабрики и на нови работни места што резултира со немање на перспектива на луѓето за создавање на семејства и се повеќе се омасовува иселувањето.