
Во новиот извештај на Светска Банка трендови на пазарот на труд „Labor Market Trends “ строи дека младинската невработеност се намалила во сите земји на Балканот освен во Македонија и Косово. Така во извештајот стои дека во Косово младинската невработеност пораснала за 4.2 % на 54,9 % додека во Македонија младинската невработениот се зголемила за 0, 5 % или до високи 47, 6 %.
Исто така Македонија има највисок процент на млади луѓе кои не се вклучени ниту во образовниот процес ниту се вработени ниту се вклучени во некој вид на тренинг или доквалификација односно овој процент на млади луѓе се движи меѓу 24-26 % .

Дополнително во извештајот се кажува дека скоро секој трет млад човек во Македонија работи во сивата економија што се поразителни бројки.

Владата на СДСМ на големо им ветуваше на младите преку таканаречената младинска гаранција загарантирано вработување и понуда за понатамошно дообразување но очигледно овој проект не ги донесе посакуваните резултати напротив младинската невработеност расте.