Во текот на овие два дена навистина имавме можност да сретнеме навистина голем број на релевантни лица, новиот лидер на ЦДУ, потпретседателот на Европската народна партија, како и други релевантни лица во Брисел и успеавме да афирмираме дека стратешки потег е во јуни оваа година Македонија да добие датум за пристапни преговори со ЕУ, ова од Брисел го порача Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Ги афирмиравме ставовите на ВМРО-ДПМНЕ и афирмиравме дека во Македонија има сериозен недостаток на владеењето на правото, имаме селективен правен систем, се соочуваме со огромни предизвици во развојот на економијата, животната средина и друго,додава Муцунски.
Тој вели и дека не смее да се продолжи со трендот на создавање за заштита или промоција на одредена мала група поединци.