Потпретседателот на ДУИ и шеф на изборниот штаб на ДУИ, Изет Меџити, во синоќешната емисија “Патот кон“ на Алсат телевизија, истакна дека тие како партија го поддржуваат кандидатот за претседател на државата од редовите на СДСМ, Стево Пендаровски, затоа што само на тој начин можат да овозможат во иднина Албанец да биде претседател на државата и дека само со таканаречениот консензуален концепт може да раководат со некои од најважните државни функции.
-Го правиме ова бидејќи во иднина со консензус ние можеме да имаме и претседател на државата Албанец. Без консензус, само со албанските гласови, ние не можеме да имаме ниту претседател на Собранието, ниту претседател на државата, ниту една од важните функции. И ние сметаме дека со вака политика можеме да направиме Албанците да бидат фактор и да бидат на позиции кои се многу клучни за оваа држава, рече Меџити.
Ние не сме на олимписки игри на кои важно е да се учествува, рече тој при што додава дека овој пат тие сакаат да победат и се определени да го поддржат победникот и на овој начин да го факторизираат албанскиот глас, и на овој начин да ги постигнат целите кои се вополза на Албанците.
– Разликата е дека ние овој пат не правиме договор во вториот круг туку тоа сме го направиле уште од првиот круг, уште при осноањето на Владата. Со други зборови што може да понуди повеќе кандидатот Албанец, од тоа што го менува името на Македонија, да ја зачлени Македонија во НАТО, да го донесе Законот за албански јазик, од сега во неговата програма да промовира дека овој претседател ќе ги примени овие закони, ќе работи во овој дух. Што може да понуди еден друг претседател повеќе од овој концепт? Ние се определивме да гласаме за концепт, бараме да рефлектира и неговиот кабинет, во иднина да биде со Албанци, бара да не ги врати законите како што е Законот за албанскиот јазик, или закони кои се во корист на албанците, туку да ги спроведува. И така како што дишат Парламентот и Владата, на албански да диши и претседателството на Македонија, истакна Меџити.